27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФлорентино Перез: Ни случајно Бејл не е на продажба

Флорентино Перез: Ни случајно Бејл не е на продажба

beil

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, потенцира дека, нема да прифати ниту една финансиска понуда за да го продаде велшкиот репрезентативец Герет Белј.

Откако во изминатиот период шпанските медиуми повеќе пати пишуваа за заминување на Бејл од „Сантијаго Бернабеу“, денеска се огласи претседателот на „Кралевите“ Флорентино Перез, кој децидно отфрли било каква можност Бејл да биде продаден.

– Време е да се стави крај на шпекулациите. Воопшто не размислуваме на таа тема. Ниту случајно нема да разгледуваме било каква понуда за Бејл, без разлика колку финансиски висока би била таа. Едноставно, не нé интересира, изјави Перез.

Велшанецот во текот на изминатиот период честопати беше поврзуван со враќање во Премиер лигата, а шпанските и англиските медиуми најчесто го поврзуваа со лондонски Челзи, како и Манчестер Јунајтед.

Бејл кој пред две сезони дојде во Мадрид, а во дебитантската одигра 44 натпревари на кои постигна 22 голови, а во тековна досега Велшанецот настапи на 22 натпревар притоа 11 пати се запиша во листата на стрелци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП