19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовиот концепт на Киа

Новиот концепт на Киа

kia

Пред вас е новиот концепт на модел од компанијата КИА, кој јавна премиера ќе има за неколку дена во Женева. На почетокот од годината, Киа вети дека ќе претстави нов концепт на модел кој ќе поседува необична решетка и светла за магла.

kia1

Овој модел е познат како Прово и неговиот изглед ќе биде препознатлив по тоа што ќе биде во светло-сива металик боја со портокалов покрив и масивни алуминиумски тркала.

Неколку портокалови украси се наоѓаат и на предниот спојлер, на кочниците и тркалата.

kia2

На задната страна можеме да видиме две издувни цевки, дифузор и интересна конфигурација на задните светла. Исто така можеме да ги приметиме впечатливите браници на тркалата, интересните ретровизори и дупчените дискови на кочниците.

kia3

Кабината изгледа како модерна интерпретација на ретро возило со минимален број на тастери и кожни седишта. Сите бројчаници се дигитални, додека воланот е прекриен со Алкантара материјал.

Се претпоставува дека овој концепт ќе служи како „ preview“ за идниот модел на ривалот „Nissan Juke“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП