11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМлекара Здравје Радово во новогодишна хумана мисија

Млекара Здравје Радово во новогодишна хумана мисија

detskaPretstavava

Во рамките на своите многубројни активности, Млекара Здравје Радово како општествено одговорна компанија, целосно посветена на заедницата, пред новогодишните празници активно се вклучи во кампањата за здрава исхрана и здрави навики.

По иницијатива на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Млекара Здравје Радово ја поддржа детската едукативна претстава Распеана турлитава, која се оддржа на 22 декември во Театар Комедија, а која имаше за цел преку игра и забава да се пренесат пораките за здрави навики и здрав стил на живот кај најмладите.

Во рамки на овој прокет, беа поделени билети  во Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје, Дневниот центар за деца од улица Шуто Оризари, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес и штитениците на Дневниот центар за лица со попречености „Детелина“ во Чашка, Домот за деца „25 Мај“ од Скопје, Дневен центар за деца кои не одат на училиште при Детската амбасада „Меѓаши“ и на членови на креативните студија „Ѕвезда“, „Детски свет“ и „Спирит“.

На децата од Здружението на лица со целебрална парализа и Дневниот центар Детелина во Чашка им беше овозможено да присуствуваат на претставата, а беше и донирана и храна која се препорачува како правилна исхрана за здрав стил на живот. Храна ќе биде доделена и на децата од Дневниот центар во Шуто Оризари.

Во оваа акција Млекара Здравје Радово уште еднаш апелираше на здрава исхрана кај најмладите, но и на препораките за внес на квалитетни млечни производи особено кај децата во развој. И во новата 2015 година компанијата ќе продолжи активно да ги помага ваквите проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП