10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов закон за заштита на потрошувачите, порачуваат експертите

Нов закон за заштита на потрошувачите, порачуваат експертите

potrosuvaci 35

Неопходно е донесување нов закон за заштита на потрошувачите зашто постојниот, во кој неколку пати се интервенираше, многу тешко се следи, велат експертите.

Како што рече професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска на денешната работилница што ја организира Организацијата на потрошувачи (ОПМ), нов закон треба да се донесе и заради имплементирање на најновата европска легислатива, особено последните директиви ­ за договорите на далечина и за алтернативното решавање на споровите, преку медијација наместо судски.

„Судска разврска најчесто се бара за потрошувачките кредити, но и за туристичките аранжмани. Се сведуваат на индивидуални тужења кога потрошувачите не се задоволни од услугата што им била дадена. Сепак, многу е битно да се засили и нивната свест“, порача Дабовиќ Анастасовска.

ОПМ цени дека и покрај работата на инспекциите, има потреба од институционално јакнење за заштита на потрошувачите особено преку вклучување и на општините во овој домен.

Град Скопје веќе формира Совет за заштита на потрошувачите како работно тело. Брои 10 членови од јавни претпријатија, Државниот пазарен инспекторат, невладини организации, стопански комори,…

„Најмногу поплаки од граѓаните има за напишаното со мали букви во договорите што ги склучуваат со телефонските оператори, како и во однос на несовпаѓањето на нивните рекламни материјали со конкретната понуда“, истакна Марјан Додовски, претседател на Советот.

„Неопходно е донесување нов закон за заштита на потрошувачите зашто постојниот, во кој неколку пати се интервенираше, многу тешко се следи“, велат експертите.

Како што рече професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска на денешната работилница што ја организира Организацијата на потрошувачи (ОПМ), нов закон треба да се донесе и заради имплементирање на најновата европска легислатива, особено последните директиви ­ за договорите на далечина и за алтернативното решавање на споровите, преку медијација наместо судски.

„Судска разврска најчесто се бара за потрошувачките кредити, но и за туристичките аранжмани. Се сведуваат на индивидуални тужења кога потрошувачите не се задоволни од услугата што им била дадена. Сепак, многу е битно да се засили и нивната свест“, порача Дабовиќ Анастасовска.

ОПМ цени дека и покрај работата на инспекциите, има потреба од институционално јакнење за заштита на потрошувачите особено преку вклучување и на општините во овој домен.

Град Скопје веќе формира Совет за заштита на потрошувачите како работно тело. Брои 10 членови од јавни претпријатија, Државниот пазарен инспекторат, невладини организации, стопански комори,…

„Најмногу поплаки од граѓаните има за напишаното со мали букви во договорите што ги склучуваат со телефонските оператори, како и во однос на несовпаѓањето на нивните рекламни материјали со конкретната понуда“, истакна Марјан Додовски, претседател на Советот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП