Доколку индустриските компании инвестираат во системи за мониторинг и управување со потрошувачката на електрична енергија, ќе бидат многу поефикасни. Тоа ќе ги намали нивните производни трошоци и ќе им ја зголеми конкурентноста, оценија учесниците на денешната тркалезна маза за зголемување на конкурентноста преку подобрување на употребата на енергија.
Според нив, Македонија троши 2,5 пати помалку енергија по глава на жител во однос на останатите земји, а застарената технологија во речиси сите големи индустрии придонесува да бидеме многу енергетски неефикасни во однос на општествениот производ.
Од споредбите со други земји се гледа дека енергетскиот интензитет на Македонија е околу 3,5 пати поголем од просекот во земјите членки на ЕУ што значи дека трошиме 2 до 2,5 пати помалку енергија од нив или 1 до 1,5 пати помалку од земјите во соседството, изјави директорот на УСАИД проектот за индустриски менаџмент Драган Блажев.
Според него, оваа состојба може да се подобри доколку се инвестира во вакви системи.
Притоа, особено е битен систематскиот пристап во користењето на енергијата. Заштедите се различни, зависно од компанијата и може да достигнат пет, 10 или повеќе од 20 проценти.
УСАИД им помага на 17 индустриски компании од Македонија да остваруват финансиска заштеда преку намалување на потрошувачката на енергија. За вкупната инвестиција УАСИД покрива 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 20.000 долари, напомена Блажев.
Досега системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија се инсталирани во десет фирми од прехранбената, електронската и фармацевтската индустрија, градежништвото,…
Приватните фирми во Македонија како и во секоја друга земја, се едни од најголемите потрошувачи на електрична енергија. Нивната рационалност ќе ги намали производните трошоци, а тоа ќе значи поголема конкурентност, рече директорот на УСАИД мисијата во Македонија Џејмс Стајн.