4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританските банки докажаа дека се моќни

Британските банки докажаа дека се моќни

A worker passes a sign for Bank Street in the Canary Wharf financial district in London

Четирите најголеми британски банки ги помина стрес-тестовите на Банката на Англија (Bank of England – BoE), создадени за да ја проверат способноста на банките да издржат нова економска криза.

„Barclays“, „HSBC“, „Royal Bank of Scotland – RBS“ и „Lloyds“, се доволно силни да се изборат со последиците од падот на цените на недвижнините од 35 проценти, како и со скокот на инфлацијата и невработеноста, соопшти Централната банка на Британија.

Една од помалите банки , „Co-operative Bank“, падна на тестот, а „BoE“ истакна дека „Lloyds“ и „RBS“ едвај го поминале тестирањето. Британската влада поседува 80 проценти од акциите на „RBS“ и 25 проценти од акциите на „Lloyds“, а двете банки примија милијарда фунти државна помош за време на глобалната финансиска криза во 2008 година.

uk bank stress tests

„Резултатите покажуваат дека основата на банкарскиот систем е прилично отпорна и дека таа сила би опстанала во случај на сериозна криза“, изјави гувернерот на „BoE“ Марк Карни.

Стрес тестовите на британската централна банка доаѓат по сличните тестови во Eвропа во октомври кои ги положија повеќето водечки банки, вклучувајќи ги и „Barclays“, „HSBC“, „RBS“ и „Lloyds“.

Тестовите во Британија ги поминаа и банките „Standard Chartered“, „Santander UK“ и „Nationwide Building Society“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП