25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманија му воведува данок на Google

Германија му воведува данок на Google

Google Stock

Германскиот парламент донесе закон со кој сите пребарувачи како „Google“ и другите страни „собирачи на вести ” ќе мора да плаќаат авторски надомест за да ги прикажуваат туѓите содржини во нивните пребарувања.

Текстот од законот кој беше усвоен во Бундестагот иззема поединечни зборови или мали делови од текстовите, иако не беше прецизирано колку кратки треба да бидат текстовите за кои нема да се плаќа авторска такса.

Доколку делот од текстот би морал да биде пократок од насловот да би бил ослободен од плаќање надомест, законот со тоа практично ќе доведе до повлекување на скоро сите вести и публикации на германски јазик од пребарувањата на „Google“.

„Google“ разбирливо беше против донесувањето на ваквиот закон, но информатичкиот гигант во ваква ситуација се најде и во Франција и Белгија, сепак на взаемно прифатлив начин успеа да се договори со француската и белгиската власт.

Предлогот на германскиот закон се уште треба да помине на Горниот дом на Парламентот, а се очекува таму да има поголем отпор против законот кој беше предложен од владејачката партија и кој беше усвоен со 294 глаза за и 243 против.

Претставникот на „Google“ во Германија изјави дека најдобро би било оваа одлука да се поништи, затоа што штети на иновациите, особено за тие што се почетници во работата.

„Законот е безмислен, затоа што издавачите и интернет компаниите можат заедно да ги унапредуваат работите, како што „Google“ тоа го направи во многу земји од светот“, вели Ралф Бремер.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП