18 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМлекара Здравје Радово повторно супер бренд на Македонија

Млекара Здравје Радово повторно супер бренд на Македонија

super

Вчеравечер во Сити Хол, беа доделени традиционалните награди Супербренд на Македонија 2013/2014.

Млекара Здравје Радово по втор пат ја доби оваа престижна награда, која е присутна во 92 земји и наградува повеќе од  20.000 светски брендови и компании.

Млекара ЗдравјеРадово наградата Супербренд  ја добива за јакнење на својот бренд на територијата на Република Македонија за 2011, 2012, 2013 и 2014 година и единствената млекара со ова признание.

Наградата Супербренд на Македонија, доаѓа веднаш по интернационалната награда Quadal за врвни квалитетни кашкавали.

Млекара Здравје Радово со своите 360 вработени, 3 целосно модернизирани производствени погони во Радово, Струмица и Куманово, со 65 различни производи и со над 20% извозна програма од вкупното производство, останува и понатаму доследна во гарантирањето на врвниот квалитет на своите млечни производи и со производство по стандардите на Европската унија.

Млекара Здравје Радово со особена гордост може да се пофали со внимателно селектирано и 100% македонско млеко, а за наградата Супербренд  им благодари на своите вработени, добавувачи, кооперантни и најважно потрошувачи кои на нашата компанија се верни веќе 13 години.

super

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП