20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧетири месеци по Сенди, Кипот се уште затворен

Четири месеци по Сенди, Кипот се уште затворен

APphoto_Superstorm Liberty Island

Четири месеци по ураганот Сенди, Кипот на слободата и натаму е затворен за посетители, а засега се уште не се знае точниот датум на повторното отворање.

„Треба многу работи да се средат, па поради тоа незнаеме кога точно Кипот ќе биде пуштен за посетителите“, вели портпаролот за одджување на споменикот, Линда Фриар.

Ураганот Сенди на 29-ти окомври минатата година предизвика голем пораст на водостојот на југот на Менхетн. Па поради тоа островот Либерти кој е со површина од четири хектари и на кој се наоѓа Кипот, беше целиот под вода, а на некои места достигнуваше и до метар ипол.

Самиот Кип кој е висок 93 метри и повеќе од 200 тони тежок не беше оштетен, но двете пристништа, од кои едниот секојдневно го користат илјадници туристи, потполно се уништени.

Електричната и телефонската мрежа се вон употреба, а со ветерот и водата уништени се пешачките патеки.

Штетите на островот Либерти, како и на островот до него, Елис се проценуваат на 59 милиони долари.Кипот на слободата заедно со островот Елис, кој некогаш бил првото прифатилиште на милиони емигранти во Америка, годишно ги посетуваат околу четири милиони туристи и остваруваат приход од повеќе милиони долари.

Затворањето на Кипот на слободата поради невремето, беше причина да се отпуштат околу 400 луѓе.

Кипот на слободата на САД и го подари Франција, по повод нивната стогодишна независност, а е дело на францускиот скулптор, Огист Бартхолди со помош на Густав Ајфел кој работел на внатрешната структура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП