17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ6 намирници кои треба да ги јадете со лушпа

6 намирници кои треба да ги јадете со лушпа

boximage (26)

Погледнете кои намирници не би требало да ги лупите пред подготовката и консумирањето, бидејќи нивната лушпа содржи бројни витамини, кои се неопходни за здравјето на косата, ноктите, кожата, белите дробови… Нормално, се подразбира да консумирате намирници кои се органски или не се прскани.

Компир

Во лушпата на компирот се кријат и до 20 проценти од вкупните витамини како што е витаминот Б. Можете да ги подготвите пресечени на половина и испечени во рерна.

Домат

Лушпата на доматот изобилува со фитонутриенти, насунин кој спречува оштетување на клетките кое може да биде последица од стареењето или некоја болест. Можете да го наполните се мешавина од зеленчук и да го испечете во рерна.

Сладок компир (батат)

Повеќето хранливи состојки се кријат токму во кората од слаткиот компир. Тој содржи витамин Ц, калиум и бетакаротен, состојки неопходни за силен имунитет, добар вид и здрава слузница на глото и носот. Слично како и доматот, и слаткиот компир можете да го пресечете на половина и да го наполните со зеленчук.

Краставици

Лушпата на краставиците е богата со антиоксиданти и влакна кои го зајакнуваат имунитетот, спречуваат опстипација и благотворно делуваат на здравјето на системот за варење.

Морков

Морковот треба добро да се измие и може да се јаде со лушпата, препорачуваат нутриционистите. Во неговата лушпа се кријат антиоксидантите и витаминот А кој го чува видот, здравјето на косата и ноктите, а истражувањата потврдиле дека го намалуваат и ризикот од рак.

Јаболки

Во лушпата на јаболките се крие кверцетин, витамин Ц и тритерпеноиди кои делуваат антиканцерогено. Истражувањата потврдиле дека консумирањето на јаболки со лушпа ги олеснува проблемите со дишењето, го продолжува чувството на ситост и ја штити меморијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП