11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung го продава одделот за оптички влакна

Samsung го продава одделот за оптички влакна

vlakna samsung

Во рамките на големата реорганизација и процесот во кој компанијата ќе се посвети само на работите кои им носат најголем профит, внатре во „Samsung“ ќе се случи уште една продажба.

По минатонеделната објава за продажба на компаниите „Samsung Techwin“ и „Samsung General Chemicals“, денеска од „Samsung“ објавија дека ќе го продадат и својот оддел за производство на оптички влакна.

Веќе е познат и купувачот , а тоа ќе биде американскиот производител на стакла за мобилните уреди „Corning“, компанија позната по своите „Gorilla Glass“ кои покрај останатите се наоѓаат и на уредите на „Samsung“.

Покрај одделението за оптички влакна, „Corning“ ќе ги превземе и производните погони во Кина и Јужна Кореја. Купопродажната цена и останатите услови за аквизицијата не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП