19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл е најплатениот британски спортист за оваа година

Бејл е најплатениот британски спортист за оваа година

geret bale 23

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл е британскиот спортист кој заработува најмногу од сите на Островот, се наведува во магазинот „Forbes“, а пренесува шпански „АЅ“.

Велшанецот во оваа година на своето конто има 30 милиони евра. Од нив 20 милиони доаѓаат од неговиот договор со Реал, а останатите 10 милиони се од рекламни договори.

Бејл заработил 4 милиони евра повеќе од актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и со 10 милиони повеќе од голферот Рори Макилрој.

Други двајца фудбалери ја пополнуваат првата петорка на најдобро платените британски спортисти во текот на годината – Вејн Руни со 19 милиони и Стивен Џерард со 16 милиони евра приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП