26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ6 намирници кои ја влошуваат настинката

6 намирници кои ја влошуваат настинката

60903614-prehlada-gripa-viroza-nos

Сите знаат дека кога сме болни од топлиот чај или пилешката супа се чувствуваме многу подобро. Но постојат и одредени намирници кои не се сојузници во борбата против настинката туку дополнително можат да ги зајакнат нејзините симптоми. Дознајте кои се тие…

1. Купечките овошни сокови

Исцедениот овошен сок е полн со витамини и минерали кои на болното тело му се потребни, но тоа не важи и за купечките сокови. Имено таквите напитоци во себе содржат големи количини на шеќер кој се поврзува со крвните станици и ги „краде“ витамините од телото, а со тоа и го ослабува имунитетот.

2. Пржена храна

Пржената храна не е здрава ниту кога сме здрави, а замислите колку таа штети кога телото се бори се сериозен вирус. Таа е преполна со заситени масти кои се тешко сварливи и можат значително да му попречат на варењето и дополнително да ја влошат состојбата на телото кое се бори со настинката.

3. Кафе

Кога сме болни би требало да го зголемиме внесот на течности. Кафето, односно кофеинот како главна состојќа на црното кафе делува како силен диуретик, а тоа може да предизвика дехидратација на веќе ослабениот организам.

4. Кисели намирници

Киселите намирници можат да ја иритираат слузницата, а со тоа и дополнително да ги зајакнат симптомите на болеста. Во оваа група спаѓа киселиот зеленчук, цитрусите, особено портокалите, но и доматите во сите облици. Цитрусите подобро да ги исцедите и да ги разблажите во топол чај со мед.

5. Алкохол

Како и кафето и алкохолот може да доведе до дехидратација, а мешањето на алкохол и лекови може да го намали нивното делување, а во потешки случаи и да дојде до шок на телото. Иако истражувањата потврдуваат дека една чаша црвено вино го зајакнува имунитетот, сепак кога сте болни, ова не важи за вас.

6. Млечни производи

Иако млечните производи содржат протеини и витамин Д кој помага во зајакнувањето на организмот, тие исто така предизвикуваат и зголемување на природното лачењето на слуз во телото со што може дополнително да се влоши кашлицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП