5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто некои држави се богати, а некои сиромашни? (видео)

Зошто некои држави се богати, а некои сиромашни? (видео)

countries-660x330

Во видеото кое го креираше и го објави „The School of Life“ на својот службен профил на „You Tube“ можеме да ги видиме клучните фактори, кои влијаат на тоа дали некоја држава ќе биде богата или сиромашна.

Во светот постојат 196 држави. Од нив 25 држави се многу богати и во тие држави просечен жител располага со околу 100 илјади долари годишно.

Во светот исто така постојат и 20 многу сиромашни држави (19 африкански земји и Авганистан), во кои просечен жител располата со помалку од 1.000 долари годишно што значи дека дневно на располагање има околу 3 долари.

Богатството не е клучен фактор за процесот на развивање на државите, по правило сите држави поминуваат низ тој процес, но кај сиромашните земји тоа се одвива многу бавно. На пример, Зимбабве со своето темпо на развој ќе го достигне стандардот на богатите држави дури за 2722 години.

Но кои се тие клучни фактори кои државите ги карактеризираат како напредни, богати и развиени, а кои се тие што ги прават државите заостанати, сиромашни или во најдобар случај земји во развој?

Трите клучни фактори се: институциите, културата и географијата.

Богатите земји како на пример Данска, Нов Зеланд, Шведска, Норвешка, Германија, Велика Британија, Исланд и други речиси и да немаат корупција, додека најкорумпираните земји во светот се оние најсиромашни. Сомалија, Сирија, Либија, Судан, Иран, Северна Кореја и Камбоџа се само некои од нив, а нивниот проблем со корупцијата влијае и на квалитетот на здравството, образованието и останатите институции во државата.

Според „The School od Life“ најуспешни се всушност оние држави кои ја одвојуваат религијата од државата и чии жители во просек и не се толку религиозни. Исклучок е САД во која религијата не го „успорила“ економскиот развој. Исто така, најсиромашни земјите се оние кои се и најрелигиозни.

Третиот фактор е географската положба на земјата, така што најсиромашните се сместени во пределите со тропска клима.

Условите за живот во таква клима се подалеку потешки, а тие делуваат и на лошиот развој на агрокултурата поради помалку плодното земјиште.

Освен тоа, проблеми доаѓаат и со појавата на тропските болести, а високите температури се погодни и за вируси и бактерии.

На пример, државите каде што температурите за време на есенските месеци се спуштаат под 16 целзиусови степени, се сметаат за климатски најпогодни за живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП