10 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИNvidia достигна пазарна капитализација од 4.000 милијарди долари

Nvidia достигна пазарна капитализација од 4.000 милијарди долари

Во средата, американскиот производител на чипови „Nvidia“ стана првата компанија со акции вклучени во берзанската котација што достигна пазарна капитализација од четири илјади милијарди долари, пишува „Ројтерс“.

Акциите на водечкиот производител на чипови пораснаа за дури 2,4 проценти на 164 долари во среда, имајќи корист од континуираното зајакнување на побарувачката за технологии поврзани со вештачката интелигенција.

Nvidia достигна пазарна вредност од илјада милијарди долари во јуни 2023 година, а за приближно една година се зголеми повеќе од трипати.

На почетокот на годината, технолошкиот сектор како целина беше потресен од појавата на кинескиот DeepSeek, кој користеше значително помалку Nvidia чипови и енергија за својата примена базирана на вештачка интелигенција.

Во април, финансиските пазари беа потресени од најавата за нови американски царини, што во меѓувреме ги зголеми акциите на „Nvidia“ за околу 74 проценти, поттикнати од широката употреба на вештачката интелигенција, но и од очекувањата дека САД и нивните трговски партнери би можеле да постигнат договор за царините.

Во такви услови, берзанскиот индекс S&P 500 достигна највисоко ниво откако е воспоставен во средината на минатиот век.

Денес, „Microsoft“ е на второто место на рангирањето на американските компании со моментална пазарна капитализација од 3,75 илјади милијарди долари. Нивнините акции пораснаа за 1,3 проценти на 503 долари според последните достапни податоци.

Nvidia има најголем удел во индексот S&P 500, со 7,3 проценти, по што следат Apple и Microsoft со удел од околу седум и шест проценти, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар