2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва ќе ви помогне да ги оставите цигарите

Ова ќе ви помогне да ги оставите цигарите

327601_pusenje-foto-beta_f

Пушењето е грда навика од која не е лесно да се одвикнете, а која пред се лошо влијае врз вашето здравје. Ако сакате да престанете да пушите, пред се ви е потребна волја, но и овие совети можат да ви помогнат.

Одете во теретана или почнете да се бавите со некој спорт рекреативно. Вашата потреба за никотин се смалува кога вежбате, поради тоа што се зголемува производството на серотонин и допамин.

Исто така, експертите препорачуваат да вежбате јога. Големиот број на пушачи со цигари се обидуваат да го намалат стресот, па релаксацијата со јога би можела да ви помогне стресот и анксиозноста да ги држите под контрола.

Цигарите ќе ви бидат далеку помалку привлечни доколку го „истренирате“ мозокот да ги препознава како непријатен мирис. Кога ќе почувствувате потреба да запалите цигара, размислете за тој непријатен мирис.

Истражувањата спроведени на Универзитетот во Бафало, покажуваат дека конзумирањето на овошје и зеленчук исто така може да ја намали желбата за цигари.

Не е лошо и малку повеќе да се посветите на некое хоби или да пронајдете некоја нова занимација. Освен тоа што ќе ви ги одвлече мислите од лошата навика, докажано е дека хобито го активира делот од мозокот задолжен за награди, истиот дел кој се активира кога ќе ја земете својата никотинска доза.

Запишете на лист хартија зошто сакате да престанете да пушите – поради здравјето, семејството, за да заштедите пари… Студиите покажуваат дека пишувањето ни помага подобро да запомниме, па не е лошо кога „ќе западнете во криза“, односно посакувате да запалите цигара, земете го листот и потсетете се зошто сакате да ги оставите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП