19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се борите против стресот на работа?

Како да се борите против стресот на работа?

boximage (16)

Правилната положба на ‘рбетот во текот на работното време може да биде најлесниот начин за решавање на стресот.

Истражувањето од Нов Зеланд откри дека едноставната промена во држењето на телото, како што е исправањето на вашиот грб, може да влијае на смирувањето и да ви влијае на самодовербата без оглед дали седите на стол, држите презентација или одите на разговор за работа.

За да откријат како ставот влијае на стресот, научниците на една група испитаници им одредиле да седат со исправен ‘рбет, додека другата половина требала да го свитка ‘рбетот, рамената и главата. Потоа, на сите им било кажано да замислат како се на интервју за работата од нивните соништа и дека имаат само 5 минути да „му се допаднат“ на работодавецот. Научнците го снимале интервјуто и потоа го оценувале говорот и изборот на зборови на испитаниците, а по интервјуто биле оценети според расположението за време на интервјуто, самодовербата и тоа како себеси се перцепирале за време на интервјуто.

Истражувањето покажа дека групата со испитаници кои седеле исправени, покажала пониско ниво на стрес од оние кои седеле свиткани. Поточно, тие чувствувале поголема самодоверба, помалку стрес, но и својата презентација ја оцениле подобро.

На снимките е забележано дека токму оваа група говори побавно, појасно и користи изрази кои укажуваат на самодоверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП