4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредавање „Светска економска криза, историја, причини и мерки“

Предавање „Светска економска криза, историја, причини и мерки“

saracini_0702_g_0

Сите случувања неминовно се одразуваат врз нашата мала и отворена економија од која 65 отсто од извозот е насочен кон земјите од Европската унија, а индиректоно дури 90 отсто што не прави целосно зависни од европскиот пазар, истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на предавањето на тема „Светска економска криза, историја, причини и мерки“ што денеска се одржа на Економскиот факултет во Скопје.

Предавањето е во рамки на проектната област Соработка на бизнисот со науката како дел од Проектот „Стопанска соработка на покраината Рајланд Фалц со Југоисточна Европа“, финансиран од Германското сојузно министерство за стопанска соработка и развој и Министерството за економија, климатска заштита, енергија и просторно планирање на покраината Рајланд Фалц, а во соработка со Занаетчиската комора на Македонија и Економскиот факултет од Скопје.

– За намалувањето на негативното влијание на економската криза врз македонската економија Владата на Република Македонија во континуитет презема антикризни и превентивни мерки. Македонија ја одржа макроекoномската стабилност и во услови на големи турбуленции на светскиот пазар, а голем придонес во тоа имаше фискалната дисциплина што не беше случај со многу други европски земји… Инвестициите и извозот ќе бидат главните извори за раст на македонската економија во 2013 година, рече Сарачини.

Проесчниот буџетски дефициот од 2,5 отсто остварен во претходните години е седми најнизок дефицит во Европа, а со јавен долг од околу 33 отсто од БДП, Македонија е четврто најниско задолжена земја во Европа. – Дефициотот на тековната сметка се намали на околу 2,8 отсто првенствено на високите приливи на девизи врз основа на приватни трансфери од странство, забележавме континуиран поарст на капиталните инвестиции, инфлацијата се одржува на ниско ниво од околу 3 отсто, а девизниот крурс на денарот е стабилен. Стабилен е и банкарскиот систем  на што упатува и податокот дека лошите пласмани на банките изнесуваат околу 10,5 отсто што е далеку пониско од регионот, рече Сарачини.

Преземавме четири пакети антикризни мерки и дополнителни мерки за поддршка на економијата како кредитот од ЕБЦ во износ од 250 милиони евра за подобрување на ликвидноста на малите и средните претпријатија, рече Сарачини. Воведовме специјални програми за вработување и самовработување, а беше поддржано и земјоделството со субвенции од 130 милиони евра,…..

– Меѓународните институции го забележуват константното подобрување на деловната клима во Македонија, а поголем раст на земјава од ЕУ предвиде и ЕК. Македонија е далеку пред земјите членки на ЕУ во однос на јавниот долг кој во Европската унија лани изнесуваше 82 отсто од БДП, а за годинава се планира да биде 90 отсто од БДП, посочи Сарачини.

Германскиот експерт Петер Рахман рече дека е нормално ефектите од глобалната економска криза и европската должничка криза да се одразат на македонската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП