6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто крпите и пешкирите треба да ги перете почесто?

Зошто крпите и пешкирите треба да ги перете почесто?

73786_profimedia0032836541_630x0

Ако садовите ги сушите или бришете со кујнска крпа, голема е веројатноста дека така им нанесувате микроби. Едно американско истражување докажа дека кујнските крпи имаат колиформни бактерии, кои инаку се наоѓаат во дигестивниот трект на луѓето и животните. Поради тоа, пешкирите и крпите треба да ги перече почесто отколку што мислите.

73788_profimedia0004056538_630x0

Пешкирите за лице и крпите треба да ги перете по секое користење, а пешкирите за туширање после секоја трета употреба.

Кујнски крпи

73789_profimedia0009460517_630x0

Ако за бришење на садовите користите крпи кои веќе еднаш сте ги користеле за истото, можно е на тој начин да нанесете милиони бактерии на садовите. Според експертите од Универзитетот во Аризона, кујнските крпи би требало да ги потопите во разреден обелувач по секоја употреба, а барем еднаш неделно да ги исперете во машина за садови.

Пешкири за туширање

73786_profimedia0032836541_630x0

Бидејќи пешкирите за туширање се подебели, тие собираат влага и брзо почнуваат да се замирисуваат. Експертите предлагаат пешкирите за туширање да ги перете по секое трето бришење со цел да ги отстраните десетиците милиони мртви клетки од кожата кои се наталожени на нив и да го избегнете непријатниот мирис.

Пешкири за лице

73787_profimedia0047906401_630x0

Нечистотијата и бактерииите лесно се таложат на пешкирите. Кога се миете, па лицете го бришете со веќе користен пешкир, повторно на кожата нанесувате нечистотија и бактерии од минатото бришење. Пешкирите за лице би требало да ги менувате и перете по секоја употреба ако не сакате бактериите да се префрлат во вашите пори кога по втор пат ќе ги употребите, советуваат дерматолозите.

Ако пешкирите ги користите само за тапкање со цел да ја соберете влагата од лицето, можете да ги употребите неколку пати, објаснува дерматологот, д-р. Ерик Швајдер. Но ако со нив ја отстранувате шминката, морате да ги перете по секое користење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП