21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата за стресот на работното место

Дебата за стресот на работното место

stres1

Македонското здружение за заштита при работа денеска со дебата за стресот на работното место како централен настан ќе ја одбележи Европската недела за безбедност и здравје при работа.

Истражувањата во Македонија покажуваат дека над 44 проценти од македонските работници сметаат оти во следните пет години многу ќе се зголеми стресот при работа.

Стресот на работното место е појава која е се поприсутна во Европа. Според направените анализи, 51 процент од работниците во Европа сметаат дека стресот поврзан со работата е вообичаен на нивното работно место, а 4 од 10 работници мислат дека во нивната компанија не се справуваат успешно со оваа појава. Проценките се дека трошоците поврзани со пореметувањето на менталното здравје на работниците изнесуваат 240 милијарди евра годишно.

На настанот ќе присуствуваат претставници од Македонското здружение за заштита при работа, како и експерти од Холандија, Австрија, Норвешка и Бугарија.

Европската недела за безбедност и здравје при работа е настан на Европската агенција за безбедност и здравје при работа и се одбележува во сите земји членки и државите кандидати на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП