14 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВи откриваме трик како да уживате во тестенините, а да не ги...

Ви откриваме трик како да уживате во тестенините, а да не ги зголемите килограмите

testenina_1413812126_670x0

Спаѓате во љубителите на добра храна и сакате различни видови на тестенини во сите облици, само ве мачат килограмите кои се таложат со нивното консумирање?

Еве една мала тајна како да го спречите тоа!

Оваа вест сигурно ќе им се допадне на љубителите на тестенини. Експериментот во ТВ емисијата „Trust Me, I’m a Doctor“ покажа дека е поздраво да се јадат подгреани тестенини во споредба со оние свежо сварените.

Докажано е дека консумирањето на тестенини кои се сварени, потоа оладени и повторно загреани го намалува нивото на гликоза во крвта за дури 50 проценти.

Тестенината е облик на јаглехидрати кои се разградуваат во цревата пред да се апсорбираат како едноставен шеќер, а поради тоа гликозата останува во крвта. Како одговор на тоа, телото го ослободува хормонот инсулин со цел нивото на шеќер во крвта да се намали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП