17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е најефикасниот начин за броење на калориите

Ова е најефикасниот начин за броење на калориите

kalorije-490x371

Броењето на калориите е еден од подобрите начини да држите диета, нормално, под услов да знаете правилно да ги броите и да не избегнете да ги пресметате и оние залаци на поминување.

Но, експертите тврдат дека броењето на калориите е залудно ако всушност не можете да сфатите што тоа точно значи, па затоа тие предложуваат интересна метода – споредување со количината на вежбање које е потребна за таа количина на калории да се согори.

Така, на пример, три чаши газиран сок ќе ги согорите ако истрчате седум километри, велат научниците од „Johns Hopkins Bloomberg“ школата за јавно здравје кои дури предложуваат таквите информации видливо да се истакнат на производите.

Попрецизно, нивната идеја е податокот за потребната количина на физичка активност за согорување на калориите од производот да се испечати на амбалажата, верувајќи дека луѓето подобро ќе реагираат кога таа информација ќе ја добијат.

Сликовитото објаснување ќе има многу подобар ефект, велат експертите нагласувајќи дека тогаш луѓето ќе станат свесни и ќе внимаваат повеќе при изборот на намирници.

А додека тоа не се примени, внимателно читајте ги калориите и пресметајте колку физички напор ќе ви биде потребен за да ги потрошите, веројатно нема да испиете три чаши газиран сок како досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП