19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОмилениот машки пијалок лошо влијае на плодноста?

Омилениот машки пијалок лошо влијае на плодноста?

boximage (13)

За мажите од лабарaтoриите пристигнуваат лоши вести: доколку сакаат да станат татковци, не смеат често да уживаат во својот омилен алкохолен пијалок. Погледнете за што станува збор…

Можеби мислевте дека неколку кригли пиво не влијаат негативно на вашето здравје, но изгледа дека само четири пива неделно можат да нанесат огромна штета кај мажите.

Неодамнешното истражување, кое е спроведено на здрави мажи кои пијат нешто повеќе од три пива неделно, покажа дека дури и таа мала количина влијае на квалитетот на спермата. Научниците тврдат дека мажите кои внесуваат повеќе од 7,5 промили алкохол неделно имаат послаба сперма. Затоа што пивото има околу 2,7 промили алкохол, а со четири испиени чаши ја надминувате таа граница.

Секако, оштетувањето на спермата се зголемува пропорционално со повисокиот внес на алкохол, истакуваат истражувачите.

Колку повеќе пиеле толку нивниот организам произведувал помалку сперма, чиј квалитет е исклучително намален. Поради тоа, стручните лица препорачуваат дека треба да се пие умерено, бидејќи вашата плодност може да зависи од тоа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП