26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа меѓуопштинските и меѓународните автобуски линии пристигнати 461 апликација

За меѓуопштинските и меѓународните автобуски линии пристигнати 461 апликација

trasport linii

Министерството за транспорт и врски денеска ја спроведе годишната електронска распределба за меѓуопштинските и меѓународните автобуски линии.

Годинава за разлика од лани пристигнати се две апликации повеќе односно 461 апликација од кои 193 за нови линии во меѓународниот сообраќај и 256 за нови линии во меѓуопштинскиот сообраќај.

За превозниците најинтересни меѓународни линии се оние до Австрија, Германија, Швајцарија и Италија, додека во меѓуопштинскиот сообраќај најголем интерес има за линиите кон Скопје и кон туристичките места во државата.

Новина е тоа што од следната година тие не ќе можат да аплицираат доколку имаат автобуси со ЕУРО 0 и ЕУРО 1 стандард.

„Со ова сакаме да го подигнеме квалитетот на превозот и да ја заштитиме животната средина. Планираме од година во година да се подигнува ЕУРО стандардот со што ќе овозможиме побезбеден транспорт“, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната јавна распределба на автобуските линии.

Тој додаде дека е овозможен и увоз на автобуси со ЕУРО 3 стандард со што се очекува да се подобри квалитетот на возниот парк.

Според претседателот на Здружението на превозници Исток, Горан Трпковски, возниот парк е подобар од пред три години, а со владината мерка за увоз на автобуси со ЕУРО 3 стандард драстично ќе се зголеми квалитетот на превозот.

„Владата ни дозволи во четири наврати да увеземе возила со ЕУРО 2 стандард со што се зголеми квалитетот на возилата, а со тоа и квалитетот на превозот“, изјави Трпковски.

Новина во патниот сообраќај е и тоа што по барање на превозниците, во следните шест месеци ќе треба и сите туристички агенции да се приклучат на системот за електронска продажба на билети со цел ќе се оневозможи еден ист билет да се продаде два пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП