25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПред точно една декада Меси започна да ја пишува фудбалската историја! (фото+видео)

Пред точно една декада Меси започна да ја пишува фудбалската историја! (фото+видео)

debi1

На денешен ден, пред точно 10 години една од ѕвездите на светскиот фудбал го направи своето деби во Примера дивизион.

На 16-ти октомври 2004-та година тогашниот тренер на Барселона Франк Рајкард имаше доверба во Лионел Меси. На само 17 години и 114 дена, младиот Аргентинец се појави во првенствениот дуел против Еспањол, па така стана најмладиот фудбалер во Примера дивизион. Подоцна овој рекорд беше подобрен од Бојан Кркиќ.

За овој период Меси веќе има феноменални 248 гола во Ла Лига и 21 освоени трофеи.

Индивидуалните признанија немаат крај, а од нив се издвојуваат четири „Златни топки“ и три „Златни копачки“. А Лео има само 27 години и не се знае што уште ќе се постигне.

debi2

Ова се предизвиците кои стојат пред Меси:

Светската титула – Оваа година тој стигна до финалето, но загуби од Германија. Пред него стои можноста за барем уште еден Мундијал.

Копа Америка – Лионел има две изгубени финални средби на турнирот на Јужна Америка – во 2007-ма и 2011-та година.

Голови рекорд во Примера – Во моментов Меси е само на три погодоци од максималното достигнување на Телмо Зара од 251 погодоци во елитата на шпанскиот фудбал.

Голови рекорд во Лигата на Шампионите – Во моментов ѕвездата на Барса има 67 прецизни удари во ова натпреварување, а заостанува зад Кристијано Роналдо (70) и Раул (71).

Голови рекорд во сите европски клубски турнири – И тука №1 засега е Раул со 77 погодоци. Меси има 68 гола, а пред него се уште Филипо Инзаги (70) и Кристијано Роналдо (71).

debi3

Најмногу голови воопшто – Тука постигнувањето на Пеле од 1282 погодоци изгледа недостижно. Меси има „само“ 400 гола.

Голгетер на Аргентина – Лео постигнал 44 гола за својата татковина до моментов и засега заостанува само зад Габриел Батистута, кој ја заврши својата кариера со 55 погодоци.

Најдобар голгетер на ЛШ во рамките на една сезона – Во минатата сезона од турнирот Кристијано Роналдо даде 17 погодоци и го подобри рекордот на Меси од 14 гола, реализирани во сезоната 2011/12.

Најдобар голгетер на СП воопшто – Мирослав Клосе е на чело со 16 погодоци на светските првенства. Меси има само 5 гола.

Најдобар голгетер во рамките на едно СП – Тука рекордот е на Жонст Фонтен од 13 гола, постигнати на Мундијалот во Шведска во 1958-та година, исто така, овој рекорд изгледа недостижен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП