26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДресот на „ѓаволите“ вреди 154 милиони евра!

Дресот на „ѓаволите“ вреди 154 милиони евра!

man united adidas kit000

Спонзорите на екипата на Манчестер Јунајтед се едни од најбогатите во фудбалот, затоа што никој не може да се споредува со нив. Вкупно, од наредната сезона Јунајтед ќе добива 154 милиони евра од страна на компанијата „Adidas“ и од главниот спонзор „Chevrolet“.

Според графикот кој го состави каталонски „Спорт“, „црвените ѓаволи“ од наредната сезона ќе заработуваат 94 милиони од „Adidas“ и 60 милиони евра од „Chevrolet“.

Од главните спонзори, Јунајтед заработува повеќе од Реал Мадрид на кој од „Adidas“ му следуваат 40 милиони евра, а 30 милиони од „Fly Emirates“.

Барселона заработува 64 милиони евра од „Nike“ и „Qatar Airways“, додека германскиот гигант Баерн Минхен добива „скромни“ 59.5 милиони евра од „Adidas“ и „Т-Mobile“.

man united adidas kit 222

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП