24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗлато за Публицис Македонија на фестивалот Голден Драм 2014

Злато за Публицис Македонија на фестивалот Голден Драм 2014

publicismacedonia 22

На еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот „Голден Драм”, 2014 кој се одржува традиционално во Порторож, Словенија, агенцијата Публицис Македонија доби Злато („Golden Drum”) за кампања за Односи со јавност.

Признанието „Golden Drum” е во категоријата Односи со јавност, подкатегорија: социјална одговорност за проектот насловен како „Alzheimer’s News Editors“ реализиран за Националниот институт за неврологија.

Стручното жири меѓу 17-те финалисти и голем број на предходно  доставени проекти за односи со јавност кои конкурираа, се определи за Злато за кампањата на агенцијата Публицис Македонија. Наградата се добива за креативност како и за ефикасноста на кампањата, односно колку таа придонела за надминување на одредени проблеми во локалната заедница.

Успехот на кампањата се должи на исклучителна соработка во која беа вклучени и трите водечки национални весници и петте најголеми ТВ станици, за да се информира 68% од вкупната популација, и тоа без медиумски буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП