26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAрсенал повторно го мерка Кавани

Aрсенал повторно го мерка Кавани

kavani arsenal32

Арсенал ќе преземе нова офанзива кон напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, пишува англискиот весник „Метро“.

Според изданието „топџиите“ ќе се обидат да го привлечат Уругваецот во зимскиот трансфер прозорец. Арсен Венгер го одобри трансферот и е подготвен да даде 55 милиони фунти за 27-годишниот фудбалер.

Шпекулациите за интерес на Арсенал кон Кавани се уште од минатиот преоден рок, иако тогаш Венгер ги негираше овие информации.

Сега слична вест изгледа уште помалку веројатна, бидејќи „топџиите“ веќе привлекоа напаѓач, а тоа е Дани Велбек. Во моментов во клубот има сериозна криза со повредени играчи, но трансферот на Кавани нема однос кон неа, бидејќи до отворањето на трансфер прозорецот има 3 месеци.

Дури и Венгер навистина да е согласен да даде 55 милиони фунти за Кавани, треба ПСЖ да ја прифати понудата. Како што е познато, францускиот клуб нема потреба од пари и е малку веројатно да ја пушти една од ѕвездите.

Сепак, пред само три дена соиграчот на Кавани во националниот тим, Луис Суарез изјави дека тој треба да го напушти ПСЖ, за да излезе од сенката на Златан Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП