2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо ќе се пензионира во Реал Мадрид!

Кристијано Роналдо ќе се пензионира во Реал Мадрид!

kris real

Агентот на Кристијано Роналдо – Жорже Мендеш, изјави дека Португалецот ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Според него напаѓачот ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“ до 40-годишна возраст.

„Никогаш не можете да најдете друг како него. Станува подобар и така ќе трае до 40 години. Кристијано е многу среќен во Реал и секогаш бил многу задоволен“, рече Мендеш, цитиран од „Ас“.

Неговите зборови доаѓаат во период во кој се засилија тврдењата за евентуалното враќање на Роналдо во Манчестер јунајтед. Самиот фудбалер неодамна изјави дека еден ден ќе биде повторно на „Олд Трафорд“.

„Тој ќе ги подобри сите рекорди кои можат да се подобрат во кралскиот клуб, и ќе се пензионира таму“, изјави Мендеш.

Менаџерот објасни дека Роналдо ги почитува многу Англичаните за љубовта која ја чувствуваат кон него, и за нивниот став за време на неговиот шестгодишен престој во Манчестер јунајтед.

Мендеш додаде дека не прифаќа предлози за трансфер на носителот на „Златната топка“, бидејќи луѓето знаат дека е невозможно да го одземат од Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП