18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ му одобри акции на „Арцелормиттал Скопје“

КХВ му одобри акции на „Арцелормиттал Скопје“

komisija hartii

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на „Арцелормиттал Скопје” АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на јавна понуда.

Како што соопшти денеска Комисијата, станува збор за 13.630.537 обични акции со вкупна продажна вредност на емисијата од 69.826.533 евра, а одлуката била донесена на 53-тата седница на КХВ со која претседаваше претседателот Елизабета Чингаровска.

При запишувањето на акциите и нивната распределба ќе се применува моделот на фиксна цена со примена на принципот на приоритет на поголема количина и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот. Постапката на запишување на акциите ќе се врши преку

Македонската берза АД Скопје. Втората емисија на акции на „Арцелормиттал Скопје” (ЦРМ) АД Скопје се врши по пат на јавна понуда со цел зголемување на основниот капитал на друштвото и обезбедување парични средства за враќање на веќе земен кредит, се вели во соопштението.

Комисијата, како што е наведено, даде согласност за именување на Михајло Брова Зиков во наредните шест години да биде директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка АД Скопје и на Томо Томовски, директор на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје, до мај 2017 година.

Комисијата донесе решение со кое утврди дека на „Агро Ели” ДООЕЛ Велес 19.466 обични акции издадени од „Благој Ѓорев” АД Велес што претставуваат 4,7627 проценти од вкупниот број на обични акции не му носат право на глас и на дивиденда. Ваквата мерка ја изрече бидејќи „Агро Ели” ДООЕЛ Велес овие акции ги стекнала преку заедничко дејствување со други лица што е спротивно со Законот за преземање на акционерските друштва. КХВ го задолжи „Агро Ели” ДООЕЛ Велес да ги продаде акциите на кои им се ограничува правото на глас и на дивиденда во рок не подолг од шест месеци, а доколку тоа не го стори, продажбата на акциите ќе ја спроведе Комисијата, стои во соопштението.

КХВ му забранила на „Благој Ѓорев” АД Велес за овие акции да исплаќа дивиденда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП