26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбројување за Рафа Бенитез!

Одбројување за Рафа Бенитез!

benitez napoli

Наполи оваа сезона игра под очекувањата, најпрво остана без Лигата на шампионите, а ниту во домашното првенство не му „цветаат рози“. Во таква ситуација, прв на удар е нормално тренерот.

Осмото место на табелата по само шест одиграни кола во италијанското првенство, е нешто што ни најголемите песимисти меѓу Неаполитанците, не се надевале. Заостанувањето зад лидерот Јувентус е големи осум бодови, што значи дека нема да биде ништо од трката за Скудетото во оваа сезона.

На меѓународна сцена, во Лига Европа, состојбата е подобра. Забележани се две победи во првите две кола, но тоа е само „утешно“ натпреварување, бидејќи не беше остварен пласман во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми говорат за тоа дека се „тресе“ клупата на Рафа Бенитез, а овој викенд се „спаси“ благодарејќи на пресвртот против Торино на „Сао Паоло“ кој го донесоа Инсиње и Каљехон. Некои извори тврдат дека следниот кикс ќе значи отказ за Шпанецот.

Веќе се бараат наследници на Бенитез, се споменува враќање на Валтер Мацари, поради тоа што и тој со Интер исто така бележи слаби резултати кои се под очекувањата и дека и за него се подготвува „шут-карта“ на „Меаца“.

Некои фукционери на Наполи го осудуваат Бенитез дека беспотребно експериментира со шпански пример, кој на Апенините тешко успева.

Преовладува ставот дека формацијата 4-2-3-1 минува во Шпанија, можеби и во Англија ако имате добро вклопена екипа. Во Италија таквото нешто се граничи со невозможно и не дава резултат. Постојат и такви кои го поддржуваат, но изгледа се многу помалку.

Бенитез од доаѓањето во Неапол, клубот го доведе до еден пехар во Купот на Италија, еднаш обезбеди нокаут фаза во Лигата на шампионите, но од минатото и старата слава не се живее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП