23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити се распрашува за Ројс

Сити се распрашува за Ројс

marko liverpul

Англискиот шампион Манчестер Сити побара од Борусија Дортмунд информации за положбата на Марко Ројс во клубот, пишува „Дејли Меил“.

20-годишниот играч има клаузула за откуп која чини 20 милиони фунти, а која ќе стапи во сила на крајот на сезоната. Германскиот репрезентативец во моментов одбива да го продолжи договорот договорот со „жолто-црните“.

Ројс нема играно во официјален натпревар откако заработи повреда на глуждот за време на натпреварот од европските квалификации со Шкотска во септември. Поради повреда тој не играше и на светското првенство во Бразил во текот на летото.

Манчестер Сити не е единствениот тим кој има интерес кон Марко Ројс. Останатите се Барселона, Баерн, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП