27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција должи 2.000 милијарди евра

Франција должи 2.000 милијарди евра

francijakrizafrance

Француската влада потврди во предлoг-буџетот дека нема да го одржи ветувањето за намалување на дефицитот во зададениот рок.

Француската јавност и партнерите од ЕУ се загрижени од тоа што јавниoт долг на Франција за прв пат во историјата ја надмина границата од 2.000 милијарди долари.

Француската влада во предлог буџетот за 2015 година предвиде дека за сведување на дефицитот во рамките на горната дозволена граница од три проценти од БДП ќе и бидат потребни две години повеќе отколку што првично ветуваше.

Според договорот со ЕУ, Франција треба да го намали буџетскиот дефицит на три проценти од БДП во 2015 година, и тоа откако претходниот рок до 2013 година беше дополнет со уште две години.

„Одлучивме темпото за намалување на дефицитот да го прилагодиме со актуелната економска ситуација во земјата. Нашата економска политика не се промени, но буџетскиот дефицит ќе го намалиме побавно од тоа што планиравме, поради економската ситуација“, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапин.

Дефицитот, според предлог-буџетот, би требало да биде намален од 4,4 проценти од БДП оваа година, на 4,3 проценти наредната година.

Откако претходно призна дека зацртаниот дефицит за 2015 не е одржлив, Сапин ги потврди прогнозите за економскиот раст за наредната година на скромен еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП