13 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се изборите со есенскиот стрес на работа

Како да се изборите со есенскиот стрес на работа

Work overtime Can Cause Depression

Има се помалку сончеви денови, помалку прилики за излет и патувања… Но не очајувајте. Со овие пет совети ќе излелете многу лесно на крај со есенскиот стрес.

Средете го работното биро

Фрлете ги старите хартии, исчистете ја прашината и направете планер. Организацијата и чистотата ќе го намалат стресот, ќе направат да размислувате побистро и ќе бидете способни да направите повеќе во текот на денот.

Одете порано

Наместо да се развлекувате во креветот уште 15 минути, станете и стигнете навремено на работа. Смирете се, вдишете длабоко, напијте се кафе или чај и ако имате време, составете листа со работи кои треба да ги направите во текот на денот или неделата.

Уживајте

Слушајте музика по пат до работа, ставете слика од вашето семејство или пријателите на работното место, сварете си една шоља од омилениот пијалок кога ќе стигнете дома или направете си купка… Можностите се безбројни. Потрудете се доволно време да си посветите на себеси и работите кои ве прават среќни.

Најдете ја добрата страна на вашата работа

Животот не е црн или бел, па така ништо нема само лоша страна. Сетете поради што ја сакате работата или размислете каква корист имате од неа.

Обидете се да најдете решение за проблемите

Еднаш кога ќе воочите што ви предизвикува стрес на работа, потрудете се да го елиминирате тоа. Ако е потребно, разговарајте со шефот, објаснете му што не е во ред и предложете решение за проблемот. Дури и само барањето на решение за проблемот ќе предизвика чувство на поврзаност во заедницата и ќе направи вие и вашите колеги да се чувствувате подобро. Работите често не се толку лоши како што изгледаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП