23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖозеп Бартомеу: Меси во Барселона до крајот на кариерата

Жозеп Бартомеу: Меси во Барселона до крајот на кариерата

lionel_messi

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу ја демантираше и информацијата дека Лионел Меси ќе го напушти шпанскиот клуб.

-Преодниот рок е далеку зад нас и нема повеќе да има промени во тимот. Меси е среќен овде и верувам дека тука ќе остане уште многу години. Всушност, се надевам дека Меси крајот на кариерата ќе го има како играч на Барселона, изјавил Бартомеу за британската телевизија „Скај спорт„.

Во текот на септември шпанските медиуми честопати пишуваа за можноста Меси да го напушти „Камп Ноу“.

Ваквите информации ги подгреаја надежите на повеќе големи европски екипи како, ПСЖ, Манчестер Сити, Челзи, дека може во своите редови да го донесат Аргентинецот, кој за Барселона досега има постигнато 360 голови на 433 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП