25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвлечени добитниците од 10. коло на наградната со фискални

Извлечени добитниците од 10. коло на наградната со фискални

fiskalna-nagradna-igra 999

Десеттото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ се одржа синоќа со директен пренос на МТВ1.

Во ова коло се извлекоа добитниците на автомобилот Поло, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.

Момчило Кметовски од Скопје го предводи списокот на добитници во ова коло. Неговиот коверт беше извлечен за автомобилот Поло.

Досега од наградната игра „Фискална во ррака – награда без мака“, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија два стана и тоа на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово и Весна Угриновска од Велес, два деловни простора, како и 10 автомобили. Покрај главните награди за претходните 10 извлекувања доделени се и 1.500 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари на добитници ширум Македонија.

Имињата на добитниците, во рок од три дена по секое извлекување, ќе бидат објавувани во дневниот печат и на веб страницата на Државна лотарија на Македонија.

Следното 11 коло од оваа наградна игра ќе се реализира на 27 октомври 2014. Во него, стандардно учествуваат сите коверти испратени со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013 година.

Во ова коло ќе се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП