25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдиграно првото коло од ракометната Лига на шампионите

Одиграно првото коло од ракометната Лига на шампионите

metalu

Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано првото коло од ракометната Лига на шампионите.

Македонските претставници постигнаа една победа Вардар (над Цеље) и еден пораз Металург (од ПСЖ).

Изненадување во првото коло се поразите на германските екипи Флензбург и Кил.

Кирил Лазаров за Барселона постигна 6 голови против шведската екипа Алингсас.

Резултати од првото коло:

А група: Металург – ПСЖ 22:27, ППД Загреб – Кил 27:25, Ла Риоха – Мешков Брест 39:31.

Б група: Висла – Бешикташ 28:19, Колдинг – Флензбург 35:21, Алингсас – Барселона 28:38.

Ц група: Чеховски Медведи – Веспрем 32:37, Цеље – Вардар 26:27, Рајн Некар Ловен – Монпеље 35:24.

Д група: Кадетен Шафхаузен – Киелце 28:33, Данкерк – Алборг 21:26, ПИК Сегед – Мотор Запорожје 27:26.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП