Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на Индија на „стабилна“.
Оценката е подобрена поради, како што е соопштенo, порастот на изгледите за спроведувањето на економските реформи од страна на владата на новиот премиер Нарендра Моди.
Иако „С&П“ го задржа суверениот кредитен рејтинг на Индија на непроменето ниво „ВВВ-“, агенцијата ја „ревидираше прогнозата за долгорочниот рејтинг од негативна на стабилна“, бидејќи очекува забрзување на економскиот раст на Индија, пренесува агенцијата Франс прес.
„Стабилната прогноза за рејтингот е одраз на нашите очекувања дека новоизбраната влада ќе биде во состојба да ги спроведе реформите кои ќе го поттикнат растот. Подобрената политичка ситуација во Индија овозможува поволно опкружување за реформите, кои можат да ги поттикнат перспективите за раст и да ја подобрат фискалната ситуација“, се наведува во соопштението на „S&P“.
Како што потсетува агенцијата Франс прес, економијата на Индија во првиот квартал од оваа година оствари раст од 5,7 проценти, што е најдобриот квартален резултат во последните две години.