20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТони Крос го одбил Јунајтед поради Ван Гал

Тони Крос го одбил Јунајтед поради Ван Гал

Bayern Muenchen - Training Session

Репрезентативецот на Германија, Тони Крос откри дека се откажал да премине во Манчестер Јунајтед, откако станало јасно дека Луис ван Гал ќе биде тренер на „црвените ѓаволи“.

Тој дури постигнал договор со клубот, но по веста за доаѓањето на Холанѓанецот, Крос ја сменил својата одлука. Германецот на крајот премина во Реал Мадрид за 20 милиони фунти, а во Јунајтед беше доведен Дејли Блинд од Ајакс.

Крос немал против да игра за Јунајтед под водство на Мојс, кој сепак беше разрешен во април минатата година. Потоа неколку месеци не беше јасно кој ќе биде тренер на Јунајтед, а Рајан Гигс беше само привремена опција.

Тони Крос, сепак не откри точно зошто не сакал да игра под раководство на Ван Гал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП