19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks го зајакнува работењето во Јапонија

Starbucks го зајакнува работењето во Јапонија

Starbucks-Sign

Американскиот ланец на кафетерии „Starbucks“ ќе ja преземе целосната сопственост над своите продавници во Јапонија за повеќе од 900 милиони долари, што е потег со кој компанијата планира да го засили присуството на својот втор пазар по големина.

Компанијата со седиште во Сиетел наведува дека ќе го откупи преостанатиот удел, односно 60,5 проценти во својот јапонски бизнис и се надева дека овој процес ќе биде завршен во првата половина од идната година, пренесува агенцијата Франс прес.

Јапонија беше првата странска дестинација во која „Starbucks“ се појави во 1996 година. По објавувањето на оваа вест, акциите на „Starbucks“ се зголемија за 4,43 проценти на 1.461 јени (13 долари).

„Starbucks“ во Јапонија има повеќе од 1.000 кафетерии и вработува 25.000 работници, во рамките на заедничкото работење со компанијата од Токио „Sazaby League“. Според договорот „Starbucks“ од „Sazaby League“ ќе ги откупи неговите 39,5 проценти од акциите за 505 милиони долари, додека преостанатите 21 проценти од акциите во рацете на други инвеститори ќе ги плати вкупно 408,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП