23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио одбил 20 милиони евра за Кандрева

Лацио одбил 20 милиони евра за Кандрева

Lazio - Chievo

Еден ден откако крилото Антонио Кандрева го обнови договорот со Лацио, во Италија открија дека во текот на летото римскиот клуб одбил 20 милиони евра за својата ѕвезда. Понудата дошла од шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, кој подоцна потпиша со друг италијански репрезентативец – Алесио Черчи.

Додека трансфер пазарот беше отворен, иднината на Кандрева во Лацио не изгледаше многу сигурна, бидејќи во еден момент и ПСЖ го посака 27-годишниот фудбалер.

Лацио, сепак во ниту еден момент немаше желба да се раздели со својата ѕвезда, а неодамна ги откупи од Удинезе и остатокот од правата на Кандрева.

Атлетико се обидел да ги премисли на газдите во Лацио, па им понудил 16 милиони евра плус уште 4 милиони во форма на бонуси.

Иницијативата сепак останала без резултат, затоа и „јорганџиите“ се насочија кон веќе поранешниот ас на Торино, Черчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП