26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola и PepsiCo ветија намалување на калориите

Coca-Cola и PepsiCo ветија намалување на калориите

pijaloci

Најголемите американски производители на безалкохолни пијалоци, меѓу кои се „Coca-Cola“ и „PepsiCo“, ветија дека ќе го намалат уделот на калории во засладените пијалоци за 20 проценти во идните 10 години низ едукативни програми, маркетинг и амбалажа.

Американското здружение на производители на безалкохолни пијалоци и Здружението за поздрава генерација ги објавија плановите на годинешниот состанок во Њујорк. Производителите на безалкохолни пијалоци планираат да ја остварат зацртаната цел до 2025-та година, а тоа ќе го сторат преку програма за едукација на граѓаните со цел да се намали внесувањето на калории кај конзумацијата на пијалцоци, т.е. низ зголемување на понудата на пијалоци без или со многу малку калории, вклучувајќи ја и флашираната вода.

Американското здружение на оваа индустрија ќе избере независен проценител кој ќе го следи напредокот, но не е јасно колку конкретно калории се подразбира по 20 процентното намалување. Таа мерка веројатно ќе се темели на обемот на продажба, калориите по пијалок и американските статистички податоци, објаснува Сузан К. Нели, претседателка и извршна директорка на Американското здружение во индустријата на безалкохолни пијалоци.

Иницијативата за намалување на калориите не е ништо ново. Американското здружение на производители на пијалоци и Здружението за здравјето на генерациите со заеднички сили работат на намалување на калориите во пијалоците во тамошните училишта. Шестнаесетте најголеми американски производители на храна и пијалоци, вклучувајќи ги „Coca-Colа“ и „PepsiCo“, во 2010-та се обврзаа дека до 2012-та ќе отстранат 1.000 милијарди калории од американскиот пазар, а до 2015-та 1.500 милијарди.

Според податоците на американската влада за периодот од 2007-ма до 2008-ма, една третина од возрасните лица во САД се дебели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП