25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид доби сертификат за добра производна пракса од Казахстан

Алкалоид доби сертификат за добра производна пракса од Казахстан

alkaloid-564x272

Македонската фармацевтска компанија „Алкалоид АД Скопје“ доби сертификат за сообразност со начелата на Добрата производна практика (GMP) од Република Казахстан.

Сертификатот е издаден од Националниот центар за експертиза на лекови, медицински помагала и медицинска техника при Министерството за здравство на Казахстан, по извршената инспекција на погоните за производство на цврсти фармацевтски дозни форми и полусинтетски цефалоспорини на „Алкалоид АД Скопје“, спроведена во јуни годинава.

„Ова е прва инспекција на фармацевтските погони на „Алкалоид“ извршени од страна на авторитетите на земја членка на Заедницата на независни држави (ЗНД), што претставува уште еден доказ за примената на најстрогите европски и интернационални стандарди, што „Алкалоид АД Скопје“ ги практикува во секојдневното работење, и кои се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на фармацевтските производи не само во Република Казахстан, туку и во Русија, Белорусија и дел од останатите земји во регионот“, велат од компанијата.

Овој сертификат, додаваат, е уште една потврда дека примената на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, како и производството на безбедни, ефикасни и квалитетни лекови ја прават компанијата достоен конкурент на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП