20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини ќе биде нов селектор на Португалија!?

Манчини ќе биде нов селектор на Португалија!?

Roberto Mancini

Италијанскиот стратег Роберто Манчини е близу до одлуката да ја превземе клупата на фудбалската репрезентација на Португалија, пренесува „Калчомеркато“.

Како што пренесува италијанскиот весник, Манчини и Фудбалската федерација на Португалија (FPF) се во завршни преговори и останато е само да се усогласат околу финансиските услови, каде што најверојатно нема да има несогласувања.

Раководството на „FPF“ сака договорот со Манчини да се официјализира веќе претстојниот викенд, поради тоа што на 14-ти октомври Португалија гостува во Данска на квалификацискиот натпревар за Европското првенство во 2016-та година.

Португалците со пораз од Албанија (1:0) ги започнаа квалификациите за ЕП, по што беше сменет селекторот Пауло Бенто.

Оваа репрезентација се наоѓа во „Групата И“ каде што се и Данска, Албанија, Ерменија и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП