Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ го задржа врвниот кредитен рејтинг на САД.
„Fitch“ потврди дека кредитниот рејтинг на САД останува на нивото „ААА“.
Рејтинг агенцијата посочи дека САД имаат исклучителна економска флексибилност и стабилна перспектива, а тоа значи дека во блиска иднина не е очекувано намалување на кредитниот рејтинг.
„Fitch“ потенцираше дека САД можат да поднесат поголем долг, во однос на други земји, бидејќи доларот има предност како резервна валута.
Од агенцијата додадоа дека земјата претставува најдлабокиот и најликвидниот капитален пазар во светот.