20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо сака да се врати во Мадрид!?

Мурињо сака да се врати во Мадрид!?

murinjo2

Португалецот предизвика бурна реакција во јавноста со својата изјава во татковината.

Жозе Мурињо гостуваше на една португалска телевизија, а една од темите на кои разговараше беше и неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.

Разделбата со „кралскиот клуб“ остави горчлив вкус, а сите се сеќаваме дека „емотивниот“ Жозе побегна таму каде што го сакаат, се врати „дома“. Тој имаше проблем со јавноста, со одредени играчи од својот тим, беше критикуван поради неговите одлуки и филозофијата на игра.

Сепак, Мурињо откри дека со задоволство еден ден би се вратил во Мадрид.

„Без сомневање, сакам да се вратам во Реал Мадрид. Имав фантастично искуство, и како човек и како тренер. Сакам да го повторам тоа без размислување“, изјавил Мурињо, кој несмета дека има недовршена работа со „кралевите“, затоа што ја остварил целта.

„Кога доаѓав во Мадрид, си поставив за цел да освојам едно од трите најважни натпреварувања. А во тоа успеав, ја остварив целта (стана шампион на Шпанија)“, истакнува Португалецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП