3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏорџ Озборн: Нема менување на владиниот курс по намалувањето на кредитниот рејтинг

Џорџ Озборн: Нема менување на владиниот курс по намалувањето на кредитниот рејтинг

George Osborne

Владата нема да го промени својот економски курс, на кој се наоѓа од средината на 2012 година и покрај намалувањето на кредитниот рејтинг, изјави во Лондон британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Во изјавата за домашните медиуми, Озборн рече дека одлуката на агенцијата „Мудис“ за намалување на рејтингот на британската економија покажува дека „треба да се продолжи со скратувањето на дефицитот“.

Тој ги предупреди критичарите на владината економска политика и оние кои сугерираат напуштање на досегашниот остар курс на кратење на буџетските трошоци, дека намалувањето на рејтингот само потврдил дека тоа треба да се прави.

Една од најголемите светски агенции за определување кредитен рејтинг „Мудис“ го намали рејтинг на Велика Британија од досегашните ААА на АА1. Таквата одлука се оправдува со „продолжување на стагнацијата и одржување на слабостите на британската економија“ како и неуспехот на владата да ги постигне целите на својата економска политика во делот на намалувањето на дефицитот.

Економски експерти оценуваат дека намалувањето на рејтингот е „шлаканица“ за Озборн и за кредибилитетот на целата економска политика на Владата. Озборн неколкупати досега тврдеше дека токму тоа што Велика Британија го одржува својот висок кредитен рејтинг е од „витално значење“ за домашната економија и за угледот на вкупната владина политика.

„Мудис“ минатата година го намали највисокиот три А кредитен рејтинг и на САД и на Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП