23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерхи Роберто останува на „Ноу Камп“ до 2019-та

Серхи Роберто останува на „Ноу Камп“ до 2019-та

segi roberto 329

Фудбалерот Серхи Роберто го продолжи договорот со Барселона до 2019-та година, соопшти во коминике фудбалскиот клуб од „Ноу Камп“.

„ФК Барселона објави дека е постигнат договор со Серхи Роберто за продолжување на неговиот договор до 30-ти јуни 2019-та година“, соопшти клубот во соопштението и прецизира дека сегашниот договор на Роберто истекува на 30-ти јуни 2015-та година.

Клаузулата за предвремено ослободување на 22-годишниот младински репрезентативец на Шпанија ќе биде 30 милиони евра, но може да се зголеми на 40 милиони, соопшти ФК Барселона.

Минатата сезона Серхи Роберто одигра 27 натпревари во дресот на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП