29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарибор на Ибраими одигра нерешено, Баерн го доби дербито на вечерта

Марибор на Ибраими одигра нерешено, Баерн го доби дербито на вечерта

bayern

Во фудбалската Лига на шампиони синоќа се комплетираше 1.коло кое го одбележа дуелот на англискиот и германскиот шампион на кој победа оствари Баерн Минхен.

Екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Агим Ибраими со гол во судиското надополнување се спаси од пораз.

Ибраими го одигра целиот натпревар против Спортинг од Лисабон.

Најубедлив триумф со шест голови разлика во стартната рунда од елитното натпреварување забележа Порто.

Резултати на натпреварите од Лигата на шампионите одиграни синоќа:
Е група: Баерн Минхен – Манчестер Сити 1:0 и Рома – ЦСКА Москва 5:1.
Ф група: Ајакс – ПСЖ 1:1 и Барселона – АПОЕЛ 1:0.
Г група: Челзи – Шалке 1:1 и Марибор – Спортинг 1:1.
Х група: Атлетик Билбао – Шахтјор 0:0 и Порто – Бате Борисов 6:0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП