26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМИА ќе добие донација од ТИКА

МИА ќе добие донација од ТИКА

mia

Македонската информативна агенција (МИА) денеска ќе добие донација од Турската владина агенција за соработка и координација (ТИКА).

На примопредавањето ќе се обратат координаторот на ТИКА во Македонија Теоман Тирјаки и советникот и вршител на должност во Турската амбасада Синан Ертај.

ТИКА е институција за технички развој и соработка на Претседателството на Република Турција формирана во 1992 година како составен дел на Министерството за надворешни работи на Турција.

Во 2001 година Администрацијата станува дел од претседателството на Владата на Турција и се раководи од назначен министер.

Во 2011 година името е сменето во Претседателство на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.

Земајќи ги предвид потребите и целите за развој на земјите и општествата, целта на ТИКА е да ги востанови полињата за соработка и помош и преку проекти и програми да придонесе во развојот и соработката на економијата, техниката, трговијата, социјалата, културата и образованието.

Агенцијата дава посебна подршка за зацврстување на независноста на државата и напорите за успешен премин во слободна пазарна економија.

ТИКА работи на различни полиња – јавна администрација, развој на мали и средни претпријатија, статистика, конкуренција, осигурување, банкарство, финансии, царина, транспорт и врски, надворешна трговија, земјоделство, туризам, право, внатрешна безбедност, слободни зони, странски вложувања, берза, меѓународни односи, радио и телевизија, развој на приватен сектор, обука на квалификувани кадри.

Присутна е и функционира во 38 земјии со 41 канцеларија за програмска координација. Има соработка со над 120 земји од пет континенти врз основа на проекти за техничка донација и развој со цел развој на меѓусебната соработка и размена искуства.

ТИКА е присутна и функционира во Македонија од 2005 година со Канцеларија за програмска координација и е акредитирана како дипломатско представништво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП